Како да станете милионер во 10 чекори

popara12 ноември, 20121min00
milioner

Секој би сакал да биде милионер. Тоа е несомнено. Сепак, не се знае точниот начин на кој може да се постигне, освен ако не играте на лотарија и имате неверојатна среќа. Иако не постои ‘рецепт’ за ‘како да станете милионер’, ние ви нудиме десет едноставни, реални и можни чекори кои може да ве однесат до таа цел или барем да ве доближат…

  1. Самата желба да се биде богат веројатно некаде ќе ве однесе. Иако тоа може да биде и криминал или во депресија. Морате да бидете подготвени да станете од каучот и да направите нешто во врска со тоа. Бидете подготвени да учите од искуствата на долг пат кон достигнување на своите желби.
  2. Поставете си цел која сакате да ја постигнете, како и рок за нејзино остварување. Тоа ќе ви биде мерка за вашето делување. Многу е важно да си поставите остварливи цели. Нивното отсуство може да биде демотивирачко.
  3. Направете план. Убаво е да имате цел, но таа нема сама од себе да се исполни. Морате да направите конкретен план на делување и да бидете подготвени на напорна работа за остварување на истиот.
  4. Создадете мрежа на контакти кои ќе бидат потенцијални деловни партнери. Тоа може да бидат потенцијални добавувачи, клиенти. Воспоставете врска луѓето и помагајте си – тоа е во заеднички интерес и така морате да им ја претставите работата.
  5. Бидете штедливи. Затегнете го ременот и рационално трошете ги парите, особено на почетокот. Секогаш чувајте пари за секој случај. Доколку имате успех во прво време, инвестирајте во понатамошен развој на вашиот бизнис, а не во луксуз, инаку ве чека судбина на краток пораст и брз пад.
  6. Ценкајте се. Обидете се секогаш да постигнете што подобра зделка за себе почнувајќи од ‘ценкање’ околу цената за набавка на стоката. Немате што да изгубите, а можете да заштедите многу.
  7. Парите нека работат за вас. Мудро трошете ги во реинвестирање во други области. на пример во инвестициски фондови, домување.
  8. Дадете си малку одмор. Но, секогаш имајте на ум дека наместо да го губите времето пред малиот екран, можете да го потрошите на многу попродуктивен начин. Поминувајте време со семејството.
  9. Постојано учете и усовршувајте се. Новите знаења секако ќе ви бидат од корист, односно  неопходни за континуиран успех во бизнисот. Условите за бизнис во денешно време постојано и брзо се менуваат, следете ги. Информирајте се за производите, конкуренцијата, новата технологија, бидете секогаш во тек.
  10. Уживајте во она што го работите и направете и другите да го видат вашиот ентузијазам. Тоа ќе ви биде голем бонус. Од вас зависи вашиот успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag