Првата дама на Америка, Мишел Обама го покажа својот талент за играње во популарната емисија “iCarly”.
Мишел Обама се разиграла во шоуто со ѕвездите кои биле воодушевени од нејзиното учество.
-Бев многу нервозна поради фактот дека гостин ми е првата дама на Америка, признала ѕвездата на шоуто Миранда Косгрув. Таа додава дека Мишел всушност е многу драга и нормална жена.
Првата дама била гостин во епизодата во која главната хероина е депримирана, бидејќи нејзиниот татко, вратен од воената служба, повторно останал без работа.
Мишел изјавила дека токму оваа тема е причина за нејзиното гостување, бидејќи еден од најзините задачи е да се погрижи за воените семејства да знаат колку се цени нивната жртва за татковината.