Како до природно бели заби?!

popara16 јули, 20121min00
beli zabi

Со насмевката на лицето автоматски изгледате поатрактивно и помладо, но само ако таа ги открива убавите, бели заби.

Сигурно сакате забите да ви бидат бели што е можно повеќе. Неколку едноставни работи кои можеби веќе ги имате дома, ќе ви помогнат забите да ви бидат бели и да останат такви.

Одредена храна, како што е морков, целер и јаболки произведуваат повеќе плунка во вашата уста кога џвакате. Плунката природно ги отстранува дамките.

Друга храна може да се користи директно на дамките. Јагодите содржат малична киселина, која е присутна и во пастите за побелување на забите. Пресечете ги јагодите на половина и втријте ги во забите.

Исплакнете го грлото со мешавина на лимон и вода, два пати неделно. Лимонот ќе ги избели вашите заби на ист начин на кој ви ја осветлува и косата.

Не ја зборавајте и добрата стара сода бикарбона. Тоа е силен и сигурен отстранувач на дамки. Мијте ги забите со сода бикарбона два пати месечно и посипете мала количина на вашата паста за заби, секој ден, ако веќе не содржи сода бикарбона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma