Како флертуваат мажите?

popara16 мај, 20121min00
s3

Сигурно не ви е тешко да го разликувате флертувањето од нормалното машко однесување. Тоа е така затоа што сигналите на флертот од страна на мажите лесно се препознаваат. Додека пак кога жената флертува нејзините сигнали се маскирани под мистериозната аура. Но ако сепак, сакате да сте сигурни дали мажот флертува со вас еве ги знаците по кои ќе препознаете.

Контакт со очи

Ова е еден од основните начини да ги препознаете неговите намери. Контактот со очи е неизбежен, кога водите разговор со некого, но разликата е кога тој го задржува погледот врз вас подолго време. Тоа е индикатор за неговиот интерес кон вас.

Алфа – мажјак

Ваквиот модел на однесување има за цел да создаде впечаток дека мажот е силен и умен. Мажите сакаат да ја демонстрираат својата моќ додека флертуваат. За да откриете дали мажот до вас флертува, обрнете внимание дали ги истакнува градите и се „перчи“ како фазан. Ваквиот начин на изразување е карактеристичен за мажите кои сакаат да се претстават како алфа-мажјаци.

Надворешниот изглед

Мажот кој флертува посветува поголемо внимание на својот надворешен изглед. Особено ако тоа се разликува од претходно, односно тој се погрижил да изгледа добро специјално за вас. Тоа е еден од начините да импресионира жена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag