Овие денови излезе фотографија од Алиша Кис која во моментот е на одмор и ужива заедно со своето друштво. На фотографијата секси Алиша излегува од морето, а освен бујните облини, очигледно е дека има нова фризура. После раѓањето на синот, Кис очигледно се “ставила во ред“ со исхраната и изгледа одлично. Додека губењето на тежината и доведување во форма воопшто не е за чудење, недостатокот од нејзините женствени локни е малку нејасен. Како и зошто Алиша се одлучила сосема да ја избриче глава, не знаеме, но едно мора да признаам дека и вака изгледа одлично.