Како изгледа секоја шпанска серија?!

popara28 јуни, 20121min00
kassandra1

Во почетокот Габриела живее во штала, нема една нога, слепа е, глува, неписмена  сиромашна. Нема ниту за храна па мора да jaде песок.

По 100 епизоди Габриела и гледа и слуша.

Во 120-тата епизода и израснува нога.

Во 150-тата епизода станува директор во банка.

Во 250-тата епизода добива напад на слепо црево, и сите мажи во серијата плачат.

Во 300-тотата епизода дознава дека има татко, брат, мајка, очув, јатрва и свекрва и тоа сите се могу богати, а со самото тоа таа е богата наследничка. Сите мажи во серијата плачат.

Во 312-тата епизода се дознава дека мајка и умрела кога таа се родила сите плачат, особено машките ликови.

Две епизоди подоцна банката која ја води банкротирала, сите ја мразат, таа плаче, сите во серијата плачат. Плачат и сценаристот и режисерот.

Оваа епопеја трае скоро 20 епизоди.

Во 340-тата епизода се враќа во шталата во која се родила и таму гатачката и вели дека ќе има среќа во животот. Плаче Габриела, плаче гатачката, плачат сите мажи во серијата, плаче баба ми дека ја прати серијата, плачам и јас зошто на Габриела конечно и тргна.

На крајот, после 500 епизоди пророштвото се исполнува, мојата баба почнува да следи нова шпанска или турска серија во која, на почетокот Лусинда живее во штала, нема една нога, слепа е и глува…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag