До сега необјавените белешки на Леонардо Да Винчи покажуваат дека дури и гении мораат да составуваат сопствени листи за купување.
Всушност обврските на сликарите, скулпторите и научниците се значително поразлични од обврските на обичните луѓе кои се сведуваат на купување на мелко, леб и шетање на домашното милениче.
На листата, која Да Винчи ја напишал во 1510, познатиот пронаоѓач се потсетува да набави човечки череп, да ги укоричи книгите по анатомија, да го набљудува човечкиот мозок и да ги опуште вилиците на крокодилите.
Се разбира, тука се и подсетниците за практични работи како купување на креди и хартија.покрај секојдневите работи, на листата се наоѓаат и медицински инструменти како скалпел, тестери за коски и пинцета.
Листите на обврските и должностите на Леонардо, преку 80 кратки белешки ќе бидат претставени на изложбата која ќе се одржи во Велика Британија.