Концертот на шоуменот Боки 13 “Не плаши се огледало” кој беше најавен за 14 јуни во Скопје во салата Борис Трајковски, е откажан. Како причина е наведено тоа што Боки 13 не го платил просторот каде што треба да се одржи концертот.
Српските медиуми неодамна објавија дека Боки се крие во Македонија поради неговите големи долгови во Србија. Исто така објавуваа дека Бојан е должен на сопственици од белградските бутици од кои земал гардероба со која се појавувал во своите емисии на телевизија.
Облеката ја задржувал за себе, а освен тоа тој останал должен и на обезбедувањето кое го чувало неколку месеци. Ниту на танчерките што го придружувале на неговите настапи не им ги исплакал хонорарите.
Денес и самиот Боки се огласи со соопштение преку Фејсбук: