Победникот од познатото шоу организираше голема забава за сите учесници кои со алкохол и музика ги дочекаа мугрите.
Влада Вуксановиќ ја прослави победата во “Срвајвер”, и тоа со голема забава на познатиот сплав “Фристајлер”. После финалето на оваа шоу Влада и друштвото пристигнаа на сплав, каде што ги чекаа две сепариња. Целиот тим на годинешното шоуто со исклучок на Јелена Мачиќ и Кристина Беквалац, ја прославија победата на Владо се до раните утрински часови. Кристина не беше на забавата, што не го спречи Николас Шоца одлично да се забавува, па цела ноќ разговараше со Аве Карабатиќ. Со алкохол и хаус музика, поранешните натпреварувачи ја дочекаа зората, а победникот во стилот на вистински домаќин прво ги испрати сите гости, а потоа се упати дома со чек на 50.000 евра. Како се забавуваа можете да погледнете. 🙂