Холивуд има обичај да оди до крајности, во однос на диети, режими на исхрана, козметички процедури и што ли уште не…
Со вегетеријанството беше слично и многу ѕвезди се обидуваа да се претстават како вегетеријанци, само затоа што веруваа дека така ќе изгледаат кул.
Меѓутоа има и такви кои години по ред не јадат месо и се среќни од својот избор. За нив тоа е начин на живот, а не актуелна мода.
Причините да се откажат од месото се различни – некои едноставно сметаат дека тоа е полезно за здравјето, други тоа го прават од жал кон животинскиот свет и сл. Погледнете неколку од најпознатите вегетеријанки во Холивуд и преценете сами дали нешто им фали! Сепак се е прашање на личен избор дали човек ќе конзумира месо и животински продукти или не.