Познатиот магазин за жени Cosmopolitan својот прв број го издаде пред 116 години, односно во далечната 1896 година. Од тогаш наваму тој магазин е одраз на општеството, а стана меѓународно списание за жените ширум светот.
Како што се менуваа времињата, така се менуваа и насловните страници на овој познат магазин. Денеска овој магазин се печати на 32 јазици, а се дистрибуира во повеќе од 100 земји.