Како се одстранува жолтеникавата нијанса од ноктите?

popara27 февруари, 20121min00
111

Во оваа статија ќе ви откриеме неколку лесни начини на кои можете да ги избелите вашите нокти и тие да придобијат прекраснаснежно бела боја и порцелански сјај. Видете колку е лесно да го одржувате вашиот маникир во перфектна состојба.

Лимонов сок – избелете ги ноктите со помош на оваа позната природна рецепта. Во стаклен сад исипете сок од два лимона, изрендана кора од еден лимон и чаша млака вода. Поставете ги ноктите и рацете и оставете да делува 15 мин. Оваа процедура правете ја два пати неделно за најдобри резултати.

Сода бикарбонат – во сад со вода исипете 4-5 лажици сода и накиснете ги ноктите во смесата и оставете да делува 30 минути.

Паста за заби – пастата е создадена за да може да ги отстранува жолтите флеки од нашите заби, а истото ќе го направи и со нашите нокти. Нанесете паста на четкичка за заби и тријте ги вашите нокти исто како што ги миете и забите.

Таблети за чистење на протези – 2 таблети растворете во сад со млака вода, накиснете ги ноктите во течноста и оставете да делува 15 минути. Ако редовно ги правите овие процедури ќе имате снежно бели нокти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag