Кога двајца влегуваат во љубовна врска, животот на секој од нив треба да се подобри. Ако се влоши и започне едниот да го влече другиот надолу, тогаш во еден момент другиот ќе се вразуми и ќе посака да си тргне.
Избегнувајте ја љубомарата. Провоцирајќи ја, играјќи си со оган некој задолжително ќе се изгори. Луѓето и без тоа се склони на љубомора, бидејќи им недостасува увереност во себе.
Во една стабилна љубовна врска и двајцата партнери се зависни еден од друг подеднакво.
Оној што вистински сака не бара од партнерот да ги докажува своите чувства. Тој што сака само ја докажува својата љубов.
Пазете се од желбата да го менувате партнерот. Ако тоа се случи, треба да знаете дека новиот човек можеби веќе нема да сака да остане со вас.
Тешко е да се сака човек кој е постојано мрачен и депресивен. Љубовта треба да го прави човекот среќен, но времето поминато со вашиот избраник не може да ви гарантира среќа. Само вие можете да се направите среќни или тажни. Рано или касно, на едниот ќе му дојде преку глава и ќе посака да биде во врска со насмеан и весел човек.
Жената сака да биде сакана од недостапен принц, а не расплакан психопат. Мажите исто така не ги сакаат хистеричните жени, непредвидливите, од кои не знаеш што да очекуваш.
Ако партнерот решил дека може да се однесува лошо со вас, ќе ви биде тешко да го убедите во спротивното. Затоа треба многу добро да го познаваш човекот, пред да навлезеш во подлабоки односи со него.
За да се омажите за принц на бел мерцедес, треба и вие самата да сте принцеза со црвено ферари. Како некое непипшано правило, луѓето се чувствуваат најдобро со партнери кои се во слична социална положба како нивната.