Јелена Карлеуша овие денови ги усовршува послените детали пред излегувањето на јубиларниот 10тиот албум, симболично именуван Дива.
Новиот албум на пејачката, за кој изјавила дека е круната на нејзината кариера во продажба ќе се најде од 11 јуни, а Јелена вчера ја претстави и првата официјална фотографија, која најавува нова ера во нејзината музичка кариера.
Искинати чорапи, кратки панталони и елек со метални нитни, ни ја покажуваат опасната Јелена, а имиџот оди со нејзиниот прв сингл, “Krimi rad”, за кој со Дејан Миличевиќ пред неколку дена изработија видео запис. “Дива по многу работи се разликува од нејзините претходни албуми, така што сигурно ќе има многу реакции на се што е заедно со својот тим подготвила. Во голем успех на албумот Дива верува и нејзината издавачка куќа, која ќе го објави изданието во рекорден број”.