Една нова студија открила вознемирувачка врска меѓу филмовите и секусалното однесување на младите луѓе.
Според студијата на Dartmouth колеџот тинејџерите кои се изложени на експлицитен секс додека гледаат филмови се склони да имаат секс со повеќе партнери и тоа без заштита.
Во студијата учествувале 1228 лица и тоа во две фази. Во првата испитаниците на возраст од 12 и 14 години им биле поставувани прашања за филмови кои ги гледале, а подоцна истите испитаници по шест години подоцна одговарале на прашања за својот сексуален живот.
Оние испитаници кои гледале филмови кои содржеле повеќе експлицитен материјал влагале многу порано во сексуални врски, имале повеќе партнери и не користеле презервативи.
Како едно од главните решенија е грижата на родителите кои треба да разговараат со тинејџерите и да им се објасни дека сексот на филм е една работа, а во животот сосема друга.