![s2](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/05/s218.jpg)
BMW-то е автомобилот на најневерните мажи на светот! А жените кои им подаруваат рогови на своите партнери, се исто така големи фанови на истиот автомобил!
Порталот IllicitEncounters.com направи истражување кое покажа какви марки автомобили поседуваат најневерните мажи на планетава. Истражувањето е базирано на анкета, направена меѓу посетителите на сајтот кој е специјализиран за организирање вонбрачни врски и авантури. Вкупно 640 000 души учествувале во анкетата и речиси 25% од нив изјавиле дека поседуваат BMW. Веднаш после нив во класацијата се мажите сопственици на Ауди, а третото место им припаднало на гордите сопственици на Мерцедес. Четвртото место припаднало на мажите кои возат Jaguar, а петтото за мажите со Land Rover.
Најретко можете да видите неверен маж зад воланот на Seat или Renault тврдат од сајтот. Само 0,2% од анкетираните изјавиле дека поседуваат вакви автомобили. После нив се Fiat и Chrysler со по 0,5%.
Има голема врска меѓу успехот на мажот и до кој степен е тој неверен. Успешните луѓе обично го сакаат ризикот. Тие знаат што сакаат и тешко се помируваат со монотони врски и бараат постојано нов предизвик.