Денес ќе ви помогнеме да ја изберете вистинската боја кармин за сезона есен – зима 2012/13. Има неколку опции кои се подеднакво модерни, што воедно нуди шанса да го изразите својот индивидуален стил и вкус. Бојата што доминира е „deep burgundy“ или онаа што ние ја нарековме „трула вишна“ или „темно вино“. Но ако вие не сте љубител на темни бои, тогаш секако тука се за вас бежовите нијанси, кремави и месо боја кармини кои припаѓаат во групата универзални бои и овозможуваат најразлични комбинации.
Секако тука е и безвременската црвена боја со сите свои вариации – од најсветла па до најтемна нијанса.
Во последно време доста актуелна е и кафеавата боја, што сезонава после долго време повторно ја среќаваме како боја за усни. Нијансите на портокаловата боја и виолетовата се исто така добар избор.
Трула вишна…
Црвена…
„nude“…
Портокалови нијанси…