Таа е позната по необичните комбинации, но до сега барем беше координирана со годишното време во кое се носи. Меѓутоа, сега ги збуни сите…
Температурата паднала неколку степени, но сеуште не е време за бунди. Веројатно Гага не се грижи за тоа, таа во Софија ја започнува својата европска турнеја и токму таму се појавила во вакво издание. Уште поинтересно е што облекла вистинско крзно, а во рацете носела куче. Сите со нетрпение очекуваат што ќе каже ПЕТА и останатите организации кои се борат за правата на животните.