Жените често се оптоварени со мисли за тоа како се перцепирани од страна на околината, особено кога станува збор за добра или лоша девојка. Долго време бев загрижена дека создавам впечаток на „кучка“ и поради тоа изгубив дел од мојата самодоверба и го „свиткав грбот“. Кога го прашав мојот дечко што најмногу го привлекува кај мене тој ми одговори дека тоа бил впечатокот на самостојна, самоуверена жена која успева да се справи сама со сите потешкотии во својот живот. Толку сум му благодарна, бидејќи точно тој дел од мене го разбрал на ваков начин, зошто според мене, тоа беше мојата карактерна особина што ме дефинираше како кучка и се обидував да ја скријам длабоко во себе… тоа ме чинеше многу напор и минимален резултат.
Покасно разбрав дека можеш да бидеш и кучка и добра девојка истовремено и да не влегуваш во внатрешни конфликти со самата себе. Малку или многу, секоја жена е и кучка и добра девојка во различен сооднос и вариации.
Мој совет е да не се плашите од своите две страни и да не се обидувате да ја скриете едната или другата, прифатете ги двете и ќе се изненадите од резултатите. Тоа се само етикети кои најверојатно ви пречат. Можеби едноставно треба да се препуштиме на емоциите и да го слушаме срцето.
Не дозволувајте да ви поставуваат етикети, но и вие самите во својата глава не ги поставувајте! Ако почнете да се менувате само заради нечија фрлена од ракав етикета по ваша адреса, тоа ќе ве чини многу и ќе се чувствувате ужасно несреќни, верувајте. Но ако ја откриете причината што ве прави да се чувствувате на еден или друг начин, тоа ќе ви помогне да бидете поисполнети и среќни и ќе излегувате задоволни од тешки ситуации. Дали вреди човек да се менува, да си предизвика мал милион конфликти внатре во себе, само поради нечие неважно мислење???
И така, не сте кучки и никогаш нема да бидете, не сте добри девојки и никогаш нема да бидете! Вие сте тоа што сте и затоа сте толку неодоливи и уникатни!