Еден кинески возач имаше огромна среќа откако неговото комбе излета од патот, а голема катастрофа се избегна бидејќи го спаси еден камион кој поминувал на долниот пат.
Ова се случило во кинеската провинција Хенан. Бу Лин го возел комбето, загубил контрола над возилото и излетал од патот.
„Почувствував дека паѓам и се се случуваше некако бавно, како сцена од филм. Помислив дека е готово и дека ќе умрам. Но нешто наеднаш ме запре“, изјавил Ву.
На долниот пат во тој момент поминувал камион, па така комбето успеало да се заглави меѓу него и земјениот насип.
„За среќа, комбето се заглави со помош на камионот и затоа не удри на асфалтот, а возачот успеа да се спаси“, изјавил градоначалникот на ова место.