По објавувањето на информацијата дека на примениот испит, на тестот за општо познавање на Филозфскиот факултет во Ниш едно од поставените прашања се однесувало на Јелена Карлеуша, т.е. на нејзината песна “Содома и Гомора”, одговорил деканот на факултетот, проф. д-р Горан Максимовиќ, кој изјавил дека најстрого ќе ги казни професотите кои го составиле тестот. Секако, веднаш се изјаснила и ЈК, преку својот Твитер профил:
-Поздрав до студентите на Филозофскиот факултет. Објаснете му го на деканот поимот “општо познавање”. За филозофијата на стадото и малограѓанштвото предавам подоцна.
Причина за револтот на Карлеуша треба да се бара во изјавите на деканот Максимовиќ.
-Тестовите за општо познавање се покажаа како неефикасни и се залагам да останат само тестовите на знаење. Професорите кои работеле на тестот ќе бидат парично казнети во согласност со дисциплинските правила. Не може некој да остане под линијата затоа што не ја слуша музиката на Јелена Карлеуша! – изјавил тој, додавајќи дека другиот профил на студенти на неговиот факултет не се добредојдени.