Карлеуша ќе ја раздрма балканската естрада со својата книга

popara4 март, 20121min00
karleusa

Пејачката Јелена Карлеуша објави на Твитер дека наскоро ќе напише провокативна книга, која ќе биде вистински бум, бидејќи ќе биде уште пожестока и подиректна од колумните кои таа ги пишуваше во Курир. Нејзината книга ќе биде провокативна и шокантна не само за Србија, туку и за целиот регион, бидејќи ЈК во неа планира да „разоткрие“ многу јавни личности.

„Ја добив првата понуда да напишам книга. Издавачите се навистина храбри. Од моите колумни се тресеше цел Балкан, а со книгата ќе има линч на Теразие“, напишала ЈК на Твитер.

Познатата српска дива со својата книга ќе направи исчекор во политиката.

„Уште од почетокот на кариерата ЈК бепе напаѓана на секој чекор и по секоја основа, но таа стана жена која ги диктира музичките и модните трендови на Балканот. На тоа поле таа е комплетно остварена личност, а сега на ред е нешто поголемо и поопасно. Книгата ќе биден нешто што ќе ја вивне во политиката или ќе и направи проблем, но сигурно е дека на овие простори ќе направи тектонски пореметувања“, вели извор близок на пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag