ЈК кај Иван Ивановиќ?
“Ќе ја прифатам поканата на директорот на Прва да гостувам кај Иван Ивановиќ само под еден услов – да оди во живо. Вие знаете зошто! Смрт во живо!”
Ова вчера на Твитер го објавила Јелена Карлеуша по дебатата која водителот на емисијата “Вечер со Иван Ивановиќ” ја води со своите “пријатели” на мрежата.
Ивановиќ им напишал на радозналите дека Карлеуша ќе ја повика да гостува во неговата емисија дури кога ќе стане доволно позната. На прашањето на еден твитераш зошто ја споменува ЈК во секоја емисија кога таа не е доволно позната, Иван одговорил:“Затоа што е будала”.
Претходно Ивановиќ застанал во “обрана” на пејачката од еден корисник на Твитер: “Не ја закачајте ЈК, таа е…и мајак на две деца. Можеби е малку некултурна селанка, но што можеме…”
Нкеолку часа откако пејачката објавила дека има понуда од директорот на ТВ Прва да гостува во шоуто на Иван, повторно се изјаснил Ивановиќ:
“Почитувани, немојте да подпаднете под влијание на пластичната и жолтиот печат. И покај нејзините големи желби, ЈК нема да биде гостин. Не е повикана, а нема ни да биде”.