Енергичниот град Картагина лежи во делот на брегот на Карибите, во Колумбија и датира од 7000 година п.н.е. Денес, го карактеризира мешавината од шпанската колонизација и карипското влијание.
Картагина е рај за љубителите на музиката. Заиграјте меренга, салса или уживајте во кубанскиот ритам, слушајте ги гитаристите низ улиците, играјте во техно клубовите… И светот ќе биде Ваш ! Музичарите ќе Ве следат низ улиците, а нема да биде чудно доколку ги одведете во Вашите вили да Ве забавуваат Вам и Вашите пријатели, до раните утрински часови.
Но, овој прекрасен град има и мирна страна. Плажите со бела песок и кристална вода се во близина. Картагина е град за прошетки, а нејзиниот историски дел е опкружен со ѕид кој делува како мароканска медина, со шпански колонијални згради стари 300 години, збиени долж камените улици.
Нивните фасади се во палета бои на кои доминираат темно сина, розова, портокалова и окер боја. Ладниот морски ветер го прави градот пријатен дури кога температурите се над 40 степени. Камените ѕидови кои го опкружуваат градот делуваат недопрено иако се стари 400 години. Картагина ја карактеризира и богата кулинарска палета која комбинира вкусови и состојки од Кариби, Европа, Африка, дури и Азија…
Имате повеќе работи во една- преубавата Картагина… Ако ги барате, не размислувајте многу…