Катастрофите го чинеа светот 380 милијарди долари!

popara6 март, 20121min00
f56

Природните катастрофи кои се случија минатата 2011 година, од кои повеќето беа земјотреси во Јапонија, го чинеа светот 380 милијарди долари, изјавил специјален претставник на ОН за намалкување на ризик, Маргарет Валстром.

Најголем дел се земојтресите во Јапонија и Нов Зеланд, како и поплавите во Тајланд и други земји,

„Земојтресите се најскапи природни катастрофи со најголем број жртви“, изјавила Валстром на конференцијата за новинари по повод одбележувањето на една година од земјотресот во Јапонија кој се случи на 11 март 2011 година.

Според податоците на агенцијата на ОН за намалување на ризикот од катастрофи, земјотресот, цунамито и нуклеарната експлозија во Фукушима направиле штета од преку 210 милијарди долари.

Трошоците за поплавите во Тајланд изнесувале 40 милиони долари. Додека,  земјотресот во Нов Зеланд кој се случи на 22 февуари минатата година трошоците биле 25 милијарди долари.

Валстром изјавила дека 50% од светското население живее во области изложени на голем ризик од природни катастрофи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag