Еден државен службеник од Индонезија може да биде осуден на пет години затвор заради коментар на Фејсбук, бидејќи тој напишал „Бог не постои“ на една атеистичка група на социјалната мрежа.
Откако го напишал коментарот, 31 годишниот Александар бил нападнат од разгневена толпа која го претепала. Но најлошото за овој атеист допрва доаѓа: му се заканува отказ и казна затвор од 5 години заради кршење на законот за богохулење.
Во Индонезија богохулењето е дефинирано како јавно изразување на мислење или започнување на дела кои шират омраза, ја напаѓаат религијата и негативно влијаат врз нечиви религиски убедувања.
Александар до пред 3 години бил муслиман, но тој дошол до заклучок дека Бог не постои затоа што на светот има многу насилство и омраза.
Инаку во Индонезија има најмногу муслимани на светот, а во државата се дозволени и други религии, но не и атеизам.