Кејт Мос неодамна се пофали дека нејзината тетоважа која се наоѓа на дното на грбот вреди најмалку милион долари, бидејќи е дело на починатиот уметник Лусијен Фројд.
Тој своевремено и тетовирал две птици на дното на нејзиниот грб, а бидејќи е во прашање познат уметник, кој беше многу ценет во светот, манекенката смета дека со текот на времето, тетоважата и добила на вредност.
„Тоa е оргинал Форјд. Се прашувам некој колекционер колку би платил за ова дело? Сигурно неколку милиони“, изјавила среќната сопственичка на оваа скапа тетоважа.
Кејт Мос и Кусијен фројд се зближиле во тект на 2002-та година кога таа беше бремена со ќерката Лили Грејс, а уметникот тогаш наслика и нејзин портрет во блажена состојба. Сликата подоцна е продадена на анионимен купувач, за околу четри милиони долари, па манекенката со право смета дека нејзината тетоважа е уметничко дело.