Келнерите го почестиле со виски за неговиот втор роденден!

popara11 октомври, 20121min00
dete

Двегодишно момче завршило на ургентен центар откако испило чаша виски, која келнерот му ја донел наместо сок.

Скандал се случил во американско/италијанскиот ланец на ресторани во Велика Британија, Френки и Бени, откако на двегодишно дете кое го славело својот родеден му било сервирано виски, наместо сок, пренесува Daily Mail.

Сони Рис испил половина чаша со виски со 40% алкохол помешано со вода, а грешката не била забележана од страна на персоналот. Сепак, кога тој почнал да прави чудни фаци и да се витка по столчето на кое седел, на мајката на детето ситуацијата и станала сомнителна и самата пробала од чашата, по што се шокирала откако го вкусила вискито.

Персоналот најпрво не сакал да си ја признае грешката, но потоа кога мајката пробала од чашата тие само му дале чаша вода на детето и си заминале. Сони заминал во болница на детоксикација, а потоа од ресторанот се извиниле и изјавиле дека човечки грешки се случуваат, но се надеваат во иднина дека нема да се случи ништо слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag