Кемер – дијамантот на Турција

popara13 мај, 20121min00
1 (9)

Кемер се наоѓа на турскиот медитерански брег, во шумската долина опкружена со планината Таурус…

Ова е едно од најубавите летувалишта во оваа област, сместено недалеку од модерна Анталија…

Бидејќи во текот на целата година во него преовладува блага медитеранска клима, во лето е прилично топло и суво, со просечна температура помеѓу 25 и 30 степени Целзиусови. Сепак жешките температури нема да Ви пречат бидејќи повремено дува ветер кој го освежува воздухот. Просечната температура на водата, во Лето е 26 степени Целзиусови. Исто така, во ова време цветаат цвеќињата во парковите, палмите, како и разните видови цитрус.

Кемер, од едната страна е опкружен со чисто море, а од другата страна со прекрасни планини. Одмаралиштето е прекрасно, а песочните плажи се идеални за одмор што опушта или за истражување на природата, ако сте авантурист. Најпопуларни плажи се градската и плажата со ресторани, кафулиња  и бродови.

Водени спортови кои се на располагање се парасејлингот, виндсурфингот, нуркањето, скоковите во вода, скијањето на вода и слично.

Кемер исто така има и неколку историски локалитети вклучувајќи ги остатоците од древниот град Фаселис, каде е откриена прочуената Хадријанова карпа. Нешто понатаму се и градовите Олимпос и Цирали. Одмаралиштето е познато и по паркот Јорук во кој се наоѓаат преубави шеталишта и дрвја. Ако почувствувате потреба да истражувате, посетете го и Camyuva или посетете ја Анталија за да го почувствувате вистинскиот „ градски шмек “.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag