Младата пејачка Тејлор Свифт повторно е сама. Нејзиното, сега веќе поранешно момче, Конор Кенеди наводно ја раскинал четиримесечната врска затоа што пејачката била премногу посесивна и наметлива.
Иако Тејлор Свифт изјавила дека причина за раскунувањето е нејзиниот преполн распоред кој се должи на промоцијата на новиот албум, американските таблоиди тврдат дека всушност причина за крајот е тоа што Тејлор го „угушила“ Конор. Конор, кој сеуште е во средно училиште, не бил спремен да и го понуди на пејачката тоа што таа го барала од него.
Всушност таблоидите тврдат дека Тејлор барала Конор да се пресели кај нејзе, што нему не му одговарало.
„Тејлор е опседната со семејството Кенеди и од врската со Конор се обидуваше да направи бајка. Повеќего сакаше фактот што има дечко од семејството Кенеди, отколку самиот Конор“, тврди извор близок на пејачката.