Познатиот актер Џејсон Статхам е уште еден од многуте луѓе кои преку медиумите го искажаа своето негативно мислење за Ким Кардашиан.
Во интервјуто за магазинот “Details”, Статхам на прашањето дали е тој бренд, одговори со сигурност: “Јас дефинитивно не сум… Зошто јас би бил”? И на следното новинарско прашања поврзано со познатите во Холивуд остро одговори “Да ги е*ам сите, Ким Кардашиан е бренд”.
Статхам почна да ја напаѓа Кардашиан кратко време откако преку медиумите почна расправија со неа. Тој за британскиот Elle изјави: “Не е важно дали станува збор за Парис Хилтон, Ким Кардашиан или некој друг, глупавоста ги прослави. Да бидеш еб*н идиот е многу подобро отколку да бидеш културен и воспитан”.