Каније Вест, наводно, ја побарал за жена убавицата која сеуште се нема разведено од нејзиниот сопруг со кого беше во брак “цели” 72 дена.
Американските медиуми објави дека рапер Вест веќе неколку пати ја побарал за жена Ким, но таа не сака да носи веренички прстен додека официјално не се разведен од кошаркарот Крис Хемфрис.
Пријателите на познатиот пар велат дека Каније е “заљубен до уши” и дека сака да формира семејството со Ким, но таа сеуште се предомислува, најмногу поради лошото искуства со првите два брака.
“Веќе неколку пати ја има прашано да се омажи за него. Иако секој пат добива негативен одговор, за него тоа претставува поттик за да биде поупорен”, изјави извор близок до рапер.