Дијамантите се најдобар пријател на девојките – го знае тоа и најпознатата реалити ѕвезда на светот.
Бидејќи фотографите буквално го следат секој нејзин чекор, ништо не може да помине незабележано, па така ни огромниот дијамантски прстен кој вчера се појави на раката на Ким.
Лавина гласини веќе започнаа: Ким со момчето Кание планира по трет пат да застане пред олтар? 32 – годишната бринета малку ги збуни сите, бидејќи дијамантскиот прстен го носела на малиот прст, но едно мора да се признае – многу ‘личи’ на веренички прстен!
За тоа колку се шушка за венчавката на 35-годишниот Кание и Ким дал изјава и продуцентот на нивното ‘Keeping Up With The Kardashians’ шоу, кој вели дека и според него е ‘сомнително’ што Кание ја однел Ким на романтично патување во Рим, наместо да прослават со забава во Лос Анџелес.
Иако ниту Ким ниту Кание не ги коментирале гласините, мајката Крис изјавила: “Ако мојата ќерка е верена, веројатно јас би знаела!”.
Да ве потсетиме, Ким и Кание се во врска од април оваа година, а ако заплови во брачни води, за Ким ова би било трет брак, на 20 години се омажи за музичкиот продуцент Дејмон Томас, по втор пат за Крис Хамфрис, со кого беше во брак 72 дена.