Кина го отвори најдолгиот високо-брзински железнички пат во светот. Трасата долга 2.298 километри ги поврзува Пекинг и Гуангџоу, регионалниот економски центар во јужна Кина.
Трасата ја отвори првата железничка линија, која во 9 часот наутро по локално време тргна од Пекинг до Гуангџоу. Еден час подоцна, еден воз тргна од Гуангџоу до Пекинг, пренесува АП.
Возовите на оваа линија патуваат со брзина од 300 километри на час, а времето потребно за да го поминат патот изнесува само осум часа. Претходно, најбрзиот превоз со воз помеѓу овие два града изнесуваше 20 часа.
Железницата е еден од клучните транспортени системи во Кина, а кинеската влада до 2020 година сака да направи мрежа на железнички линии – 4 во смер север – југ и 4 во смер исток – запад.