Еден 40 годишен маж од градот Хаикоу во Кина починал откако, една жена му ги стиснала тестисите. Според изјавите на сведоците, жената дошла со својот скутер кој се обидела да го паркира пред продавницата чиј сопственик бил овој несреќен човек.
Откако човекот излегол од продавницата и рекол дека тука не смее да се паркира, започнала расправија меѓу нив, а набрзо и физичка пресметка. Жената го фатила човекот за тестисите и силно го стиснала, а човекот од болка паднал на земја, а набрзо и починал.
Болничарите кои брзо стигнале на местото на настанот, се обиделе да го оживеат човекот, но без успех.