
Работниците се качиле на покривот на фабриката и се заканувале дека ќе скокнат од таму, доколку управата на фабриката не им ги подобри условите за работа и не им ја зголеми платата.
Група од 300 работници во фабриката Фокскон на истокот на Кина се заканиле со колективно самоубиство поради несогласувањата со работодавецот.
Вработените од раководството барале зголемување на платите, но од шефовите им стигнал ултиматум или да дадат отказ и да земат отпремнина, или пак да продолжат да работат без зголемување на платата. Повеќето работници дале отказ но не земале пари.
Како одговор на ова, работниците се качиле на покривот на фабриката и се заканиле дека ќе скокнат од таму, доколку раководството не им го исплати она што го ветило.
Работниците се откажале од намерата за колективно самоубиство, откако ги убедил градоначалникот дека не треба да го направат тоа. Но, останало нејасно каков договор се постигнало меѓу работниците и работодавецот.
Оваа фабрика, инаку со седиште во Тајван е најголемиот светски производител на електроника, а неколкупати досега е спомнувана во весниците поради лошиот третман врз работнците.