Еден кинез е уапсен поради обид за кражба и бил однесен во билница на прочистување откако на изложба на драгоцени камења во Шри Ланка проголтал дијамант вреден околу 14.000 американски долари.
Откако на годишната изложба на драгоцени камења во престолнината на Коломбо од сопственикот на една од тезгите побарал од излог да му се извади дијамант, 32-годишниот кинез некое време го набљудувал, а потоа изненадно го проголтал.
“Тој го зема дијамантот од изложбениот салон и се чинеше дека го проценува, и тогаш одеднаш го стави во својата уста. Сопственикот тоа го видел и не предупреди”, изјавил полициски службеник кој се наоѓал на местото каде се случила кражбата.
Мажнот потоа беше уапсен и одведен во болница во Коломбо на преглед, изјавил полицаецот.
“Верувам дека со рендгенска снимка е потврдено дека (во неговиот стомак) има нешто што наликува на камен. Мажот е одведен и се наоѓа во притвор”, изјавиле од болницата.
Полицијата навела дека според зборовите на сопственикот на дијамантот, неговата вредност е проценета на 1,8 милиони рупии ($ 13,600).
Шри Ланка нема рудници за дијаманти, но позната е по голема индустрија на накит, најмногу по производство на сафири.