Лиу Јан (30) пилот на борбен авион е влезена во потесниот круг во март месец за изборот од кој ќе оди во веселната од вкупно 15 жени.
Кина денеска потврди дека ќе ја испрати првата жена астронаут во вселената и дека леталото „Сенџу 9“ со тричлениот екипаж ќе биде лансирано во сабота.
„Тројц астронаути, од кои двајца мажи и една жена ќе бидат во вселенскиот брод Сенџу 9 и ќе го изведат првиот кинески вселенски лет“, наведува агенцијата Синхуа.
Инаку Лиу беше избрана од 15 жени кои сите биле пилоти на борбени авини. Сите кандидатки предходно биле тренирани, а морале да исполнуваат и посебни критериуми како на пример да се венчани и да родиле дете по природен пат.
Лекарот од општата болница на воената база ПЛА Су Сјанронг изјавил дека тоа е битно да жените бидејќи така нивното тело и ментална состојба се зрели.
Леталото ќе биде лансирано во сабота од пустината Гоби на северозападниот дел од Кина. Ова е првиот лет кој го испраќаат кинезите со екипаж.
Инаку Валентина Терјешкова од Советскиот Сојуз била првата жена која патувала во вселената во 1963 година. Американската вселенска агенција НАСА долго време ги исклучуваше жените од вселенската програма, но сепак првата американка која заминала во вселената е Сели Рајд во 1983 година.