Кинеските трговци веќе почнаа да го продаваат iPhone 5 со лажни слики и спецификации, но на бројните купувачи тоа очигледно не им пречи.
Apple се уште не го претставил iPhone 5, но кинезите веќе преку некои страници добиваат нарачки за овој телефон.
Продавачите бараат од 160 долари па до 1100 долаари за новиот телефон. Ројтерс во разговор со некои потенцијални купувачи дознал дека некои лажни производи може да се најдат во Хонг Конг.