Ќерката на Витни Хјустон: Го слушам гласот на мојата мајка!

popara12 март, 20121min00
1

Во првото интервју кое го дала по смртта на својата мајка, 19 годишната ќерка на музичката дива Витни Хјустон, Боби Кристина, изјавила дека сеуште го слуша гласот на нејзината мајка.

“Секогаш е со мене. Нејзиниот дух е силен и чувствувам како поминува низ мене цело време”, изјавила Боби во интервјуто со Опра Винфри и додала дека во својата глава го слуша гласот на својата мајка, кој вели: “Душо, продолжи понатаму, тука сум, те чувам”.

“Спиев во нејзините раце цел ден и цела ноќ”, изјавила Боби и додала дека една на друга си биле се и дека Витни не и била само мајка, туку и најдобра пријателка. Боби додала дека сето тоа што се зборува за нејзината мајка не е вистина, бидејќи само нејзиното семејство и пријателите всушност знаеле каква е.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=niimVV_oDls

Инаку, американските медиуми пишуваат за тоа дека Боби последните неколку месеци е во љубов со четири години постариот Николас, кој уште како мал го посвоила нејзината мајка. Тие двајца наводно се забележани како се бакнуваат, а на Твитер често објавуваат заеднички фотографии.

“Не можете да верувате на се што медиумите измислуваат. Јас со тоа не се оптеретувам”, објавил Николас на својот Твитер профил, обидувајќи се да демантира дека е во врска со својата сестра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag