Според американските медиуми, ќерката на пејачката Витни Хјустон итно е однесена во болница во Бевели Хилс, каде е задржана под опсервација.
Според изјавите на блиски извори, на Боби Кристина и се слошило откако го напуштила хотелот во кој нејзината мајка починала. Всушност, Боби сакала да го види телото на нејзината мајка, но кога полицијата не ја пуштила на местото на истрагата, започнала расправија.
Сеуште не е познато од што поточно и се слошило, но се претпоставува дека е од голем шок.