
Тенденциите во областа на маникирот стануваат се поживописни и романтични…веќе ви покажавме како да се почувствувате како морска божица со синиот маникир, а денес ќе посветиме внимание на невината и класична бела боја.
Нокти во природни нијанси или со прецизно нанесен бел лак секогаш се елегантни и впечатливи и одговараат на било која комбинација. Оставаме на вас да одлучите дали и вие сакате да се прошетате летово со снежно бели нокти…








