Од десет години брак со Коби Брајант неговата сопруга Ванеса, според амаериканските таблоиди, излегува како “голем победник”.
Всушност, според спогодбата таа добива 75 милиони долари (половина од нивниот имот кој се проценува на околу 150 милиони долари) и сите три вили кои двојката ги поседува во Њупорт Бич – вилата во која тие жеивееле, вилата во која живее нејзината мајка и штотуку завршената вила која ја граделе последните две години.
Да ве потсетиме, минатиот месец сопругата на играчот на ЛА Лејкерс и еден од најдобрите играчи на НБА лигата, Коби Брајант поднесе барање за развод “поради непомирливите разлики”, но вистинската причина се неверствата на Брајант која таа повеќе неможе да ги толерира. Двојката имаат две ќерки, 8 годишната Натали и 5 годишната Џијан.