Љубов е силен збор: за едни раѓа пријатни емоции за други создава дискомфорт и тревога. Многу од нас тешко се решаваат да кажат „те сакам“, особено кога треба да се каже за прв пат пред човекот што го сакаш.
Ако врската е на својот почеток но чувствата се факт, луѓето почнуваат да се прашуваат кога е вистинскиот момент, како би реагирала другата страна, не е ли премногу рано…
Вистината е следна – ако чувства постојат, изразете ги и преку зборови. Толку е едноставно.
Не чекајте премногу долго. Доверете се на инстиктите. Ако чекате премногу ја изложувате својата врска на ризик. Понекогаш човекот со кој излегувате, особено ако е жена, се заморува чекајќи да и ја изјавите својата љубов и се одалечува со убедувањето дека не претставува ништо специјално за вас. Многу честа појава проследена со каење на човекот што не собрал доволно храброст за да и каже…
Бидете задоволни бидејќи сте го отвориле срцето пред човек што го сакате и не уништувајте го ваквиот прекрасен момент со излишни сомнежи и стравови. А одговорот ќе дојде точно кога ќе треба.