Двајца британци ја добиле назад својата техника со порака за извинување и десет фунти поради нервирање.
Непознат крадец од комбето на Кевин Инграм украл уред за сателитска навигација и дигитално радио минатата недела. Инграм и неговата сопруга Сју биле шокирани, бидејќи тие уреди му се потребни на Кевин поради неговата работа како професионален возач.
Меѓутоа, пред неколку дена на шоферпајбната од комбето нашле необична порака.
„Извинете што ви ги украдов работите, бев многу пијан. Сега ви ги враќам, ги оставив во кеса во близина на куќата покрај еден знак. Се надевам дека ќе ги најдете. Ви оставам и десет фунти за да се извинам“, напишал во пораката крадецот.
Двојката подоцна ги пронашла работите, а решиле случајот да не го пријавуваат во полиција, бидејќи крадецот искрено се покајал.