Кога се што си градел ќе се урне и пак не си престанал да мечтаеш …

popara11 февруари, 20121min00
1

Ова е за сите оние кои дури и откако виделе како се што граделе ќе им се урне пред очите и повторно се силни за да продолжат да мечтаат – тие се малцина и за нив е втората шанса. Еден човек треба да сакал и да бил сакан барем еднаш во животот…прекрасни зборови проследени од болни прашања. Што ги тера луѓето да ја изберат болката од љубовта пред самотијата, а други да се откажат од љубовта во името на самотијата? Како го наоѓаме патот откако ќе паднеме…и зошто едни се спремни да одат по несигурните црни патеки, натаму, се назад, само и само да се вратат на стариот пат до некого, а други избираат да трчаат сами по своите патеки напред…? Зошто на крај се се сведува на спротивности – врска-самотија, љубов-безчувствителност, среќа-болка…зошто си ги задаваме најважните прашања само и единствено тогаш, кога веќе сме ја изгубиле смислата да ги откриеме одговорите…?

Можеби затоа што во животот човек се учи единствено од своите грешки и кога ќе допушти грешка во својата најискрена љубов, тогаш тој се осудува да ги открива одговорите сам…одговорите кои ја раѓаат „теоријата на самотијата“ За да ја спознаеш и почуствуваш вистинската болка од самотијата, треба да си ја почуствувал среќата пред тоа. Оние што не сакале, се блажените слепци…не велам дека тие не се тажни, напротив – илјада пати би предпочитала да умрам со болката на осаменоста, отколку цел живот да не почуствувам каква убавина е вистинската љубов.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag