Кога Супермен ќе се „начука“ прави чуда!

popara13 август, 20121min00
v255645p0

Полицијата во Шведска уапсила еден маж кој бил преправен во Супермен поради пијанство.

Неименуван маж од Норвешка, кој бил облечен во костимот на славниот херој Супермен бил забележан во еден шопинг центар во шведскиот град Lulea, а минувачите решиле да повикаат полиција бидејќи тој бил толку пијан што едвај стоел на нозе.

„Стигна пријава, а ние го затекнавме Супермен во шопинг центарот. Тој навистина беше премногу пијан и неможеше да се грижи за себе“, изјавил еден од полицајците.

Пијаниот Супермен бил одведен во станица каде се отрезнил за време на ноќта, а потоа бил ослободен. Но, наредната ноќ тој повторно го облекол костимот, се опијанил и бил по втор пат уаспен поради дивеење во еден ресторан.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag