Најпознатата реалити ѕвезда на светот преку Твитер овој пат објавила некои фотографии кои се навистина убави.
32-годишната Ким Кардашијан ги објавила фотографиите од едиторијалот кој го снимала – во бел фустан, на коњ. Зајдисонцето само додало романтична нота.
А изгледа дека Ким во последно време е многу романтична, покрај споменатите фотографии, објавила и една со дечкото, Кание Вест.
“Убав спомен од Париз”, напишала под фотографијата.