Ова прекрасно парче рај се наоѓа во Тајландскиот залив, на 560 километри од Бангкок, опкружен со повеќе од 60 помали островчиња… Го нарекуваат „ тропскиот рај “ и е полн погодок за љубителите на чистите и песочни плажи, чистото море и бујната вегетација.
Некогашното омилено место помеѓу боемите, писателите и другите уметници, за брзо време прерасна во луксузна и модерна дестинација, која денес ја посетуваат многу туристи, од сите краеви на светот. Климата на островот е тропска, со нешто поголем процент на влажност на воздухот. Покрај изобилството од сонце и преубави плажи, овој остров може да пружи и други вредности – бројни будистички храмови, водопади, живописни локални места како и луксузни ресторани со богат избор на специјалитети. Островот е познат и по добриот ноќен живот и шопинг…