Кои се најдобрите градови за мажите?!

popara11 јуни, 20121min00
DSCF1034.JPG

Љубителите на спортовите оваа година ќе одат во Лондон, во Буенос Аирес ќе одат оние кои сакаат плажа и згодни девојки, во Монтреал ќе одат оние кои се гурмани, а во Берлин оние кои се по електронската музика.

Британскиот портал AskMen избрал 29 места во светот кои се мажите треба да ги посетат во наредните неколку месеци.

Еве ги првите 10:

Лондон  – овој град се најде на прво место пред се поради Олимписките игри, но и поради фудбалот, богатиот ноќен живот, како и гурманската понуда која влече корени од поранешните колонии.

Мумбај – мешавина на англиска и индиска култура, пред се овој град ќе понуди добри филмови и музика, бидејќи ова лето таму се одржува Sunburn Mumbai Music Festivalu и Меѓународен филмски фестивал.

Рио де Жанеиро – покрај самбата, згодните девојки и најпознатиот карневал, во овој град ќе се одржи и следното Светско првенство во 2014 година, а две години подоцна и Олимписките игри.

Вашингтон – центарот на политичката моќ, јужен шарм, е краткиот опис за овој град. Идеален е за разглед на американската историја, но и добриот ноќен живот и храна.

Шангај – еден од највозбудливите градови во светот, Шангај нуди за секого по нешто. Во стариот дел има древни храмови, но ако тоа не ве интересира, оваа година токму овој град е домаќин на фестивал на вискито, чаевите, турнири во билијард, тенис, музика и филмови. Овој град нуди забава 24 часа на ден.

Њујорк – иако пред неколку години беше најдоброто место за посета на посилниот пол, оваа година се најде на шесттото место. Покрај Менхетен, добрите кошаркарски натпревари, овој град кој не спие нуди добра забава, фестивали, филмови и музика.

Картагена – преубави жени, прекрасни плажи, неверојатни ресторани и латино ритмови е она што го нуди ова место. За многумина мажи нема ништо поубаво од уживање на плажа, покрај добра девојка и коктел.

Хонг Конг – град кој неможе да се спореди со никој друг. Главна причина за посета на овој град оваа година е Dragon Boat Festival, трка со бродови во знак на годината на Змејот, која ќе се одржи од 4 д 8 јули.

Марсеј – медитерански шарм, одлична храна и идеално место за авантури. Преку ден може да го разгледувате градот и важните знаменитости, а навечер да ги посетите боемските локали во кои некогаш уживале познатите уметници.

Мелбурн – „најживиот“ град се наоѓа во Австралија, забава, шарм и нема да ви недостига ништо.

Следните градови кои ја сочинуваат оваа листа се:

11. Буенос Аирес

12. Тел Авив

13. Лима

14. Барселона

15. Ванкувер

16. Банког

17. Кејптаун

18. Сан Франциско

19. Копенхаген

20. Стокхолм

21. Токио

22. Монтреал

23. Берлин

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag